Топлинските пумпи се високоефикасни уреди за греење и ладење кои работат на принцип на пренесување на топлинска енергија од надворешната средина (воздух, вода или земја) во внатрешноста на објектот. За разлика од традиционалните котли кои создаваат топлина со согорување на гориво, тие трошат минимално количество електрична енергија само за работа на компресорот. Ова ги прави еден од најеколошките и економски најисплатливите системи за климатизација денес
Како работат топлинските пумпи?Процесот се заснова на термодинамички циклус со помош на еколошки фреон (работен медиум)
- Апсорпција: Надворешната единица ја зема топлината од околината (дури и при многу ниски зимски температури).
- Компресија: Компресорот го загрева фреонот со помош на притисок.
- Пренос: Топлината се предава на системот за греење во домот (парно, подно греење или фенкојлери).
- Ладење (Обратен циклус): Летно време, процесот се движи во спротивна насока – уредот ја вади топлината од собите и ја исфрла надвор.
- Топлински пумпи
- Воздух – Вода (Air-to-Water): Најпопуларен избор во Македонија. Ја зема топлината од надворешниот воздух и ја пренесува во водена инсталација (подно греење или радијатори). Лесна е за монтажа и има одличен сооднос на инвестиција и заштеда.
- Моноблок и Сплит системи
- Моноблок систем: Сите компоненти (вклучувајќи го и разменувачот на топлина) се наоѓаат во една голема надворешна единица. До куќата водат цевки со вода. Предноста е што не зазема место внатре, но цевките мора добро да се изолираат против замрзнување во случај на прекин на струја
- Сплит систем: Системот е поделен на надворешна и внатрешна единица (хидробокс). Меѓу нив циркулира фреон кој не може да замрзне. Ова е посигурна варијанта за ладни подрачја, но внатрешната единица зазема малку простор во домот.
- Погледнете и изберете према вашите потреби



