Политика за плаќање ,испорака, гаранција,рефундирање
Цените прикажани на сајтот се изразени со вклучен ДДВ.
Клиентот има право да одбере производ кој е официјално понуден на веб сајтот и на истиот да се направи online нарачка со што би ја одредил количината, начинот на испорака и останатите опции понудени на веб сајтот. Купувачот може да ја промени или откаже нарачката се до моментот на нејзиното резлизирање. Со реализирањето на нарачката корисникот склучува договор со Про-монТ 08 ДООЕЛ- КЛИМИпро.мк (klimipro.mk)
За производите кои се нарачани преку веб страната и плаќањето е побарано да се плати на Фактура. Купувачот добива прво Про-фактура, го плаќа производот на жиро сметка и со производот му се доставува фактура за фактура.
За производите кои се нарачани преку веб страната и плаќањето е побарано да се плати на лице место при достава купувсчот добива сметка за купен производ.
Испораката на производи се наплатува по фиксно дефнирана цена за испорака.
ИСПОРАКА
Нарачаниот производ се испорачува на адресата која купувачот ја внесил при нарачката и на начин кој самиот тој го одбрал. При подигнувањето на нарачката клиентот ја потпишува испратницата и дополнителните документи за подигање на производот. Производот може да го подигне и друго лице на наведената адреса кое не е наведено во самата нарачка и истото се води како трето лице.
При подгинувањето/примањето на нарачаниот производ примачот е должен да го провери производот за евентуални оштетувања при транспортот и за евентуален недостаток на одреден дел доколку е составен од повеќе делови. Доколку се констатира некој недостатоци примачот е должен веднаш да пријави рекламација.
ПЕРИОД НА ИСПОРАКА
Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани прекуд доставувач на адресата која е наведена во порачката
Испораката се врши на територијата на цела Република Македонија, времето на испорака е од 2до 3 работни денови во зависност од периодот кога е направена нарачката. Доколку нарачката е направена во неработен ден рокот започнува да тече од првиот работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат неработните денови. Доколку производот неможе да се достави испорача благовремено за тоа ќе биде известен клиентот. Доколку има доцнење на испораката Про-монТ 08 ДООЕЛ не сноси никаква одговорност доколку доцнењето е предизвикано од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката. Во случај, кога купувачот не е дома и не е достапен за доставување на порачката во договорениот термин и на наведената адреса, или нема обезбеден пристап и услови за предавање на производот во тој рок, ослободува од обврската да ги испорача производите наведени во порачката.
ГАРАНЦИЈА
Нарачаните производи се испорачуваат со гарантен лист. Доколку во текот на гарантниот период се утврдат фабрички недостатоци на производот, можете да извршите рекламација на производот со приложување на валиден гарантен лист со сериски броеви и заверен со печат и потпис од Про-монТ08. При рекламација на производот важат условите во гарантниот лист.
Гаранцијата на производите важи само ако монтажата на производите е извршена од страна на овластени, односно одобрени монтажери од страна на Про-монт08 ДООЕЛ.
Контактирајте не најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката на телефонскиот број +38979277 307 или испратете ни е-пошта со своите податоци (име, презиме и телефон) на адресата prodazba@klimipro.mk со наслов „Рефундурање на средства“, и наведете ги причините поради кои сакате да направите замена, односно, враќање на производот. Во најкраток можен рок, нашиот оператор ќе ве извести за понатамошната постапка.
Производот може да го вратите или замените во рок од 7 дена од денот на направената нарачка. Производот мора да биде неоштетен и неупотребуван, со оригиналната етикета. Во таква состојба, уредно спакуван можете да го вратите производот . Трошоците за достава при замена и враќање се на товар на купувачот.
По приемот на производот се утврдува дали производот е неоштетен и неупотребуван, по што продолжуваме кон испраќање соодветна замена или враќање на парите.
Во случај да барате враќање на паричните средства, откако ќе го вратите производот во Про-монТ08 ДООЕЛ во горенаведената состојба, средствата во висина на износот на нарачката освен трошоците за достава ќе ви бидат префрлени на истата трансакциска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот или на сметка која ќе ја посочи купувачот доколку плаќањето го вршел при испорака. Трошоците за достава не се рефундираат.
За дополнителни информации контактирајте нè на КЛИМИпро.мк klimipro.mk
e-mail:
info@klimipro.mk
prodazba@klimipro.mk
online@klimipro.mk
